За нас

Нашите почетоци

Приказната за Оптика Zeiss датира уште од далечната 1974 година. Тоа е семејна компанија која постои 49 години и е пионир во продажба на сончани наочари во нашата земја и промовирање на светски познатите брендови и модните трендови. Основната дејност на компанијата е продажба на очила за сонце, диоптерски рамки, контактни леќи и течности како и изработка и монтажа на диоптерски стакла со најсовремена технологија и сервисирање на истите. Оптиката ги прати сите технолошки и модни трендови и постојано ивестира во развој и унапредување, така да почнувајќи со изработка на рачна машина, се премина кон полуавтоматска машина за да во моментов во нашата оптика се користи комплетно компјутеризиран процес на изработка и монтажа на диоптерски и сончани стакла.

Светски познати брендови

Благодарение на својата врвна понуда и професионална услуга, оптика Zeiss е во позиција да на своите потрошувачи им понуди светски познати брендови на сончани наочари и диоптерски рамки. Ние ги нудиме и сите светски познати брендови на диоптерски стакла почнувајќи од најексклузивните како што се Zeiss, Есилор, Хоја па до поекономични, но квалитетни линии на стакла од типот на LTL, Грос, Мирада и многу други. И во изборот на диоптерски рамки внимаваме да има понуда која ќе биде достапна за секого нудејќи економични линии со попристапни цени па се до понуда за најпребирливите клиенти кои бараат луксуз и уникатност при изборот.

50 години постоење се гаранција за квалитет

Нашата оптика стана еден вид симбол на доверливост и препознатливост каде што генерации семејства наоѓаат совршени очила и добиваат индивидуален пристап. Спојот на долгогодишното искуство на нашиот тим во пружање на врвни и професионални услуги и квалитетот на производите што ги нудиме им овозможуваат на купувачите да добијат незаборавно и уникатно шопинг искуство. Низ сите промени и предизвици, Оптика Zeiss остана симбол за квалитет, синоним за традиција и непоколебливата посветеност на грижата за очите. Оптика Zeiss e повеќе од само бизнис; тоа е семеен труд на љубов, светилник на доверба и приказна која трае пет децении.

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.

© 2024 Vendor x Optika Zeiss Skopje | Оптика Zeiss Скопје   

Vendor Logo